Во СВР Скопје вчера во 16:45 часот било пријавено дека во еден од тоалетите во црквата „Св.Јован Крстител“ во населба Бутел бил пронајден И. Д.(22) со повреди.
Според пишувањето на 24 Инфо, момчето се обидело да се самоубие, сечејќи ги вените во тоалетот.
И.Д. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Според очевидци, момчето имало нож кога влегло во тоалетот по што почнало да се боде по вратот и да ги сече вените на рацете. Луѓето во црквата викнале полиција, а момчето со Брза помош било пренесено во болница, пренесуваат медиумите.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.