Многу житарки и „супа од крв“: Како се хранеле античките Спартанци?

Исхраната, како и сè во Спарта, била подредена према добриот воин - неговата сила и здравје - никако за уживање.

Спартанците имале многу едноставни цели - да победат во војни и да обезбедат доволно храна за своите граѓани. За војните се подготвувале од раѓање, а исхраната била една од најважните алки во тој синџир на подготовки.

Уште по самото раѓање, бебињата Спартанци морале да го минат првиот, суров тест. Кога Спартанка ќе родела бебе, постарите биле тие кои одлучувале за неговата судбина и проценувале дали е доволно силно и здраво за да го издржи спартанскиот живот. Во спротивно, бебето би било осудено на смрт.

Военото школување почнувало на седумгодишна возраст, а оброците на малите воини сиромашни. Ако сакале повеќе, морале самите да се снаоѓаат. Спартанците верувале дека гладот ​​го прави човекот подобар ловец. Крадењето не им била непознато бидејќи во прашање била снаодливоста. Ако биле фатени како крадат, следувала казна, но не поради самата кражба, туку затоа што дозволиле да бидат фатени.

Од дваесеттата година почнувал животот во воена единица - сиситија (συσσίτια). Во дваесеттите и стапувале во брак, но и тогаш останувале да живеат со својата единица, во еден вид „машка куќа“.

Во сиситијата луѓето живееле, учеле, развивале боречки вештини и - навики на јадење. А исхраната, како и сè во Спарта, била подредена према добриот воин - неговата сила и здравје - никако за уживање.

Што се наоѓало на менито на Спартанците?

Главната храна на Спартанците била две житни култури: пченица и јачмен.

Прво ги натопувале и мелеле, а потоа од нив правеле каши, леб или лепињи сушени на сонце.

Лебот го правеле со ставање на жежок јаглен на подот, а потоа го покривале со капак во форма на ќуп. Кога ќе се соберела доволно топлина, јагленот се тргал и се ставал околу капакот, а тестото се ставало под него.

Овошје, зеленчук и месо

Од овошје и зеленчук, особено беле ценети локалните производи одгледувани од хелотите (εἵλωτες): смокви, грозје, урми, кајсии, модри патлиџани и маслинки. Често со оброците се служело и сирење.

Месото било важен извор на сила. Ловците носеле дивеч додека робовите (хелотите) биле задолжени за риболов и одгледување домашни животни. Свинското, пилешкото и паткиното месо биле особено важни извори на протеини за младите воини.

Како живееле Спартанките?

„За жените било пожелно да ги зајакнат своите тела вежбајќи трчање, борење, фрлање трупци и фрлање копје, така што плодот што подоцна би можел да зачне, земајќи храна од силно тело, подобро би се развил“, пишува Плутарх.

Спартанските девојчиња биле воспитувани подобро и повнимателно од кое било друго женско дете во тоа време.

Тие верувале дека само силна и здрава жена раѓа силни и здрави деца - затоа и младите Спартанки спортувале и тренирале. Целта на Спартанките била да станат мајки на популарни воини. Немало поголема чест од тоа. Сепак, без оглед колку животот бил подреден на раѓање воини - тие не морале да готват за нив, бидејќи војниците сами го правеле тоа.

Супа од крв

Посебно јадење за Спартанците бил необичен вид супа која ја јаделе со јачменов леб. Наречена Мелас Зомос (μέλας ζωμός) ја правеле од свинско месо, парчиња свинско срце и крв затоа што верувале дека тоа ќе им даде сила. И веројатно имале право затоа што свинското месо е одличен извор на протеини со висока вредност (значи дека ги содржи сите потребни аминокиселини), но исто така е и еден од најдобрите извори на витамин Б, кој игра улога во ослободувањето на енергијата од јаглехидратите.

Требаше време за да се навикнат на вкусот на оваа супа, а Спартанците верувале дека нејзината сила може да ја издржат само оние кои вежбаат и се капат во студената река Еврота.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе