МНР: Досега вратени 2.207 наши државјани од странство

Вкупно 2.207 македонски државјани се вратени во земјава заклучно со 4 април, покажуваат податоците на Министерството за надворешни работи кое го организира враќањето на наши граѓани затекнати во странство.

Како што објави МНР на Facebook профилот, од 22 март до 4 април на Глобалниот контакт центар за конзуларни услуги во итни ситуации на Министерството се пријавиле 5.228 македонски граѓани од целиот свет кои сакаат со авион да се вратат во земјава. Од нив 2.890 се согласиле да бидат сместени во државен карантин. Најголем дел од повиците, 93 проценти или 4.861, доаѓаат од Европа, а 272 повика се регистрирани од останатите континенти.

Со досега реализираните чартер летови од Ла Валета, Загреб, Љубљана, Виена, Базел, Минхен, како и по два лета од Берлин и од Келн/Бон во земјата се вратиле 1.445 наши државјани. Преку три хуманитарни конвои со автобуси и автомобили од Црна Гора, Турција и Словенија обезбедено е враќање на 150 наши државјани. Со посредство на Австрија и Португалија во земјава се вратени и 11 македонски државјани од Перу.

МНР во соработка со странски претставништва кај нас, репатрираше и над 600 странски државјани меѓу кои и на Австрија, Австралија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Косово.

По избувнувањето на пандемијата со коронавирусот сите гранични премини на земјава беа затворени на 16 март,  а на 18 март беше затворен и Меѓународниот аеродром Скопје. По враќањето во земјава сите патници се упатуваат во државен карантин.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе