Модата на AMA 2020: Што носеа познатите на црвениот тепих?
Во Лос Анџелес синоќа беа доделени Американските музички награди (АМА). Водителка на шоуто беше Тараџи П. Хенсон, a со музички изведби настапија Џенифер Лопез, Меган Ди Сталион, Малума, Шон Мендес, Џастин Бибер и други. Тејлор Свифт доби три награди – уметничка на годината, поп-рок изведувачка и најдобар музички спот, за песната „Сardigan”. Со тоа, таа го држи рекордот на најмногу освоени АМА награди.
Погледнете како изгледаа познатите на црвениот тепих.