Модата на MTV VMA 2020
Мајли Сајрус и Бела Хадид го привлекоа вниманието со нивниот необичен стајлинг, но Лејди Гага доминираше на вчерашниот настан со нејзините креации.
Лејди Гага беше sвезда на годинешното, претежно виртуелно доделување на MTV Music Video Awards. Таа освои пет награди, меѓу кои и за песна на годината, уметник на годината и соработка на годината – за песната „Rain on Me“.
Доделувањето на наградите првично требаше да се одржи во Баркли центарот во Бруклин, една од петте општини во Њујорк, но тоа се промени поради корона-пандемијата. Наместо тоа, се одржа на интернет, проследено со претходно снимени настапи.
Музичарот Викенд ја освои главната награда – за најдобро видео на годината за „Blinding Lights“.
Аријана Гранде имаше најмногу номинации(9), а заедно со Лејди Гага ја изведоа „Rain on Me“ со заштитни маски.
Во галеријата погледнете како изгледаше модата на оваа манифестација.