Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Макфакс/Кајгана
/ 18.05.2024 / 12:11

Лука Модриќ и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, тврди Mundo Deportivo. Овој медиум, кој е поблизок до Барселона отколку до Реал, тврди дека Модриќ и челниците на Реал постигнале вербален договор за продолжување на договорот на уште една година. Договорот е постигнат по тричасовната средба одржана вчера во Валдебебас.

Истата информација ја објавија и Onda Madrid и Telemadrid, два медиума специјализирани за следење на Реал Мадрид. Според нив, Модриќ ги прифатил условите што му ги понудил клубот. Тој досега заработуваше околу 10 милиони евра нето по сезона, а сега се согласи да ја преполови платата.

Според Шпанците, хрватскиот играч за врска планира да одигра уште една сезона во Реал, а потоа како 39-годишен да се збогува од фудбалот. Така Модриќ би станал најстариот фудбалер во историјата на Реал Мадрид кој се пензионирал во дресот на шпанскиот великан. Рекордот моментално го држи Пако Хенто, кој се пензионираше на 38 години.

Хрватската легенда на Реал Мадрид освои сѐ. Меѓу другото, 5 европски, 4 шпански титули и 2 Купа на кралот и Златната топка. Одигра 531 натпревар, постигна 39 голови и асистираше за 86.

Во тековната сезона претежно беше резерва, но со значаен придонес на патот на Реал кон освојување на Ла Лига и финалето на Лигата на шампионите. Иако беше во стартниот тим на само 22 натпревара, успеа да постигне 2 гола и да забележи 8 асистенции.

реклама

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Македонка загина во тешка сообраќајка во Грција

Read more

Фудбал

Клубот на Даку најави казна по пцовките кон Македонците на ЕУРО

Read more

Фудбалерите на Данска ги одбија покачувањата за да земаат иста плата со фудбалерките

Read more

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Read more

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Read more
 

Спорт

Клубот на Даку најави казна по пцовките кон Македонците на ЕУРО

Читај повеќе

Фудбалерите на Данска ги одбија покачувањата за да земаат иста плата со фудбалерките

Читај повеќе

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Читај повеќе

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Читај повеќе

Суперѕвездата на Бостон со нов најскап договор во историјата на кошарката

Читај повеќе
  • play_arrow

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Читај повеќе

ЕУРО 2024: Роналдо најмногу промаши, најпрецизни Германците

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо најавен како мафијашки бос во видеото на Хајдук

Читај повеќе