Момче со потекло од Македонија уапсено за планирање терористички напади на концертите на Тејлор Свифт во Виена

Сите три концерти на Тејлор Свифт во Виена закажани за утре, петок и сабота се откажани откако полицијата уапси двајца мажи осомничени дека го планирале нападот.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф изјави дека 19-годишниот австриски државјанин бил уапсен во средата наутро во Терниц, во провинцијата Долна Австрија. Според австриските медиуми, родителите на младиот човек се од Северна Македонија, а тој се радикализирал на интернет. Der Standard пишува дека можно е младиот човек да е психички нестабилен и дека украл хемиски супстанци од својот работодавец.

Во Виена попладнето е извршено второ апсење, но нема информации за осомничениот.

„Според моменталната состојба на истрагата, двајцата осомничени се радикализирани на интернет“, рече Руф. Тој додаде дека 19-годишникот положил „заклетва на верност“ на Исламската држава на почетокот на јули.

Според австриските медиуми, дуото својот луд чин го договорил со шифрирани пораки.

Пронајдени хемиски супстанции

Голема полициска акција била спроведена во Терниц каде живеел 19-годишникот. Неколку околни куќи беа евакуирани додека се претресуваше неговата куќа.

Руф рече дека се пронајдени хемиски супстанци и дека се тестираат.

Полицијата трага по уште три лица

Полицијата навела дека, покрај двајцата уапсени, трага и по уште три лица, пренесуваат австриските медиуми.

Полицијата најпрвин најави дека концертите ќе се одвиваат со посебни безбедносни мерки, но вечерва сите три концерти се откажани.

Организаторот соопшти дека концертите се откажуваат

„Поради потврда од владини претставници за планираниот терористички напад на стадионот Ернст Хапел, немаме друг избор освен да откажеме три планирани настапи за сечија безбедност“, објави организаторот на концертот на Instagram.

Одлуката за откажување ја донел организаторот Barracuda Music, а не надлежните државни институции.

„Канцеларијата за заштита на Уставот и полицијата спроведоа ефективни активности и направија сè за да ја гарантираат безбедноста. Блиското вмрежување со странските безбедносни органи беше особено клучно“, рече министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

реклама

Свет

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Read more

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Read more

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Read more

Трета среќа за Доналд Трамп Џуниор: Се сврши со Бетина Андерсон

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе