Момент за историја: Шпалир од соиграчите, овации од трибините за Пандев

Александра Спасеска
/ 22.06.2021 / 14:05

Уште се живи емоциите од вчерашниот натпревар на македонската репрезентација на ЕУРО 2020 против Холандија.

Поразот на „рисовите“ сепак падна во сенка на монументалниот момент за репрезентацијата, но и за македонскиот фудбал воопшто – Горан Пандев по 122 настапи за репрезентацијата замина во пензија.

Гранде Пандев беше заменет во 68. минута, а соиграчите од македонскиот состав застанаа простум во формација шпалир, за да го испратат достојно во пензија великанот на македонскиот фудбал.

Многу емоции, многу задржани и подголтнати солзи, но и многу гордост имаше вчера крај аут линијата во „Јохан Кројф Арена“. Нашите фудбалери горди и емотивни, а целата публика на стадионот на нозе и со аплаузи го испратија Пандев.

Гоче доби овации и од неговиот поранешен соиграч од Интер, Весли Снајдер.

Пандев заклучно со вчерашниот меч го одиграа 122 натпревари во својата репрезентативна кариера во која постигна 38 голови.

Да се потсетиме на емотивниот момент:

Remote video URL
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе