Моментот кога Американец си го спаси кучето од алигатор
Кученцето Ганер едвај спаси глава откако за малку ќе завршеше како оброк на алигатор во Флорида.
Ганер е милениче на Американецот Ричард Вибенкс кој успеа да го спаси од сигурна смрт. Ричард со свои раце ја отвори устата на алигаторот и го спаси кученцето, кое за среќа не е сериозно повредено.