Големи делови на Обединетите Арапски Емирати викендов беа погодени од песочни бури, а властите повикаа на внимателност на улиците.
Во повеќето градови, домовите и бројните знаменитости беа прекриени со слој песок, а видливоста беше намалена. Видливоста во Абу Даби и Дубаи беше под еден километар.
На социјалните мрежи се појави и снимка која покажува како Дубаи „исчезна“ во прашината.
Низа песочни бури, за кои се верува дека се дел од влошените климатски промени, беа забележани и во Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија, Иран и други земји годинава. поради тоа беа затворени аеродроми и училишта, а илјадници луѓе завршија во болница поради проблеми со дишењето.