Моментот кога кошаркарката Грајнер беше разменета за рускиот „трговец на смртта“

Федералната служба за безбедност на Русија објави видео од моментот кога американската кошаркарка Бритни Грајнер беше разменета за рускиот трговец со оружје Виктор Бут, попознат како „трговецот на смртта“.

На видеото се гледа како Грајнер задоволно се смешка додека седи во авионот пред нејзиното враќање во САД. Кошаркарката беше разменета за Бут на аеродромот во Дубаи.

На видеото се гледа како Бут кимнува со главата во насока на камерата пред да влезе во друг авион.

Remote video URL

Во ноември, Грајнер почна да отслужува деветгодишна затворска казна за поседување масло од канабис. Затворена беше на 350 километри од Москва. Спортистката беше уапсена во февруари кога цариниците рекоа дека на московскиот аеродром Шереметјево во нејзиниот багаж пронашле садови со масло од канабис.

На судењето, Грајнер призна дека го имала маслото од канабис во багажот, но и дека го спакувала ненамерно брзајќи да се качи на летот и дека немала криминална намера. Нејзината одбрана напиша изјави дека ѝ е препишан канабис за лекување на хронична болка.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе