Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората се очекува да стане играч на Јувентус во наредните часови.
Во Италија, тој ќе добие 7,5 милиони евра (вклучително и бонуси) по сезона, според новинарот на Twitter, Никола Шира.
Шпанецот се согласил да зема помала плата.
Мората веќе играше за италијанскиот клуб од 2014 до 2016 година и беше соиграч со сегашниот тренер, Андреа Пирло.