Морати: Дадовме луда понуда за Иниеста, Рома ни го нудеше Тоти

Макфакс/Кајгана
/ 19.02.2025 / 20:00

Легендарниот претседател на Интер, Масимо Морати, по повод 30-годишнината од преземањето на „Нераѕурите“ даде интервју за Corriere della Sera. Откри неколку интересни детали, пред сѐ во врска со трансфер политиката во периодот додека го водеше клубот.

Многу големи ѕвезди дојдоа во Интер во времето на Масимо Морати. Секако, не секоја желба што ја имаше можеше и да си ја исполни.

Но, некако сите се во сенка на човекот кој дојде тивко, практично како прво засилување во ерата на Морати, Хавиер Занети, кој потоа стана најголемата легенда на клубот.

„Сакав да ги гледам натпреварите од аргентинската лига со моите деца. Почнавме да ги следиме поради Ариел Ортега. Во тој период гледав еден натпревар на кој играше Занети. Го испратив Суарес (скаут на Интер) во Аргентина за да го погледне одблизу. Ми се јави и ми рече да го купиме. Му реков да биде трпелив, ги разбудив децата и ги пуштив видео снимките од Занети. Потоа му дадов зелено светло“, рече Морати.

Во опширното интервју тој откри дека меѓу големите имиња кои сакал да ги донесе во клубот се и легендарниот двоец на Барселона, Андрес Иниеста и Лионел Меси.

„Сакавме да го донесеме Меси кога беше тинејџер. Но, кога Барселона вети дека ќе ги покрие трошоците за лекување, сфативме дека немаме шанси и се откажавме. Пробавме сѐ за Иниеста, секој дипломатски напор, подготвивме луда понуда. Но, немавме шанси.

Морати откри дека во еден момент, среде финансиски тешкотии, Рома му го понудила на Интер, никој друг туку, Франческо Тоти.

„Беа полни со долгови и толку очајни што плачејќи го понудија Тоти. Но, знаевме дека Тоти повеќе би сакал да остане во Рим и решивме да го оставиме на мира. Сепак, во прашање беа љубовта и сентименталноста“.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Фудбал

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Read more

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Read more

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Read more

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Read more
 

Спорт

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Роденденецот Зубац доминираше над најдобриот тим во НБА

Читај повеќе

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Читај повеќе

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Крај на сезоната за Марко Митев

Читај повеќе

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Читај повеќе