Мото ГП календар за 2025 година: 22 трки во 18 земји

Светската мото федерација и Дорна конечно објавија како треба да изгледа календарот на Мото ГП шампионатот за следната сезона.

Иако претходните години се случуваше првите нацрти на календарот да бидат објавени на почетокот на летото, а конечната верзија да стигне во септември, тоа не е случај втора година по ред.

Оваа година се случија неколку промени во текот на самото првенство. Она што е сигурно во моментов е дека календарот за 2025 година ќе брои 22 трки во 18 земји, а најдобрите мотоциклисти во светот треба да се вратат во Чешка и Унгарија.

Извесно е враќањето на Брно по четири години пауза, додека трката за ГН на Унгарија на „Балатон парк“ зависи од тоа дали патеката ќе биде готова или не, но поголеми се шансите да не биде. Под знак прашалник е и трката во Аргентина која во моментов е втора на календарот.

Уште порано се знаеше дека шампионатот ќе биде отворен во Тајланд на 2 март, бидејќи Катар не може да ја организира првата трка поради Рамазан, па таа рунда беше преместена за април.

Во однос на стандардните датуми, веќе беше познато дека Големата награда на Британија ќе биде во мај, а меѓу другото, трката во Барселона е поместена за септември бидејќи Формула 1 е на таа патека подоцна од вообичаеното, Германија се враќа во јули, додека трката во Португалија ќе биде во ноември, како претпоследна во сезоната, а не на самиот почеток.

Кога станува збор за актуелната сезона, таа продолжува викендов со Големата награда на Индонезија.

Тагови
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Останати спортови

Почина великанот Алекс Ѕанарди

Read more

11-те олимписки медали не ѝ се доволни: Феликс се враќа од пензија за Олимпијадата во Лос Анџелес

Read more

Еден од најдобрите спортисти во историјата на Словенија ја заврши кариерата

Read more

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Read more
 

Спорт

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе