Motorola го претстави новиот смартфон Moto G20.
Се работи за новиот модел кој доаѓа со 6,5-инчен IPS LCD екран со HD+, формат со 20:9 и фреквенција на освежување од 90Hz. На екранот има селфи камера од 13 MP.
Уредот има Unisoc T700 процесор, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија.
Позади се наоѓа главната камера од 48 MP, како и ултрашироката од 8, макро и сензор за длабочина од 2 MP.
Го напојува батерија од 5.000 mAh, а го користи оперативниот систем Android 11 со Moto My UX интерфејс.
Достапен е во две бои и чини 149 евра.