МРТ и БНТ потпишаа Меморандум за разбирање со којшто ќе се разменуваат програми

Јавните сервиси Македонската радио телевизија и Бугарската национална телевизија потпишаа меморандум за разбирање, со којшто на реципрочен начин ќе разменуваат вести, детски, музички, забавни, културни и образовни програми, а чија цел е да се развиваат пријателски односи и заемно корисна билатерална соработка.

Директорите на јавните сервиси на двете земји велат дека целта е да се развијат пријателски односи и заемно корисна билатерална соработка.

– Ќе продолжиме да правиме размена на програми од областа на туризмот, културата, образованието, музиката, на дневни информации и на вести. Ние, наскоро сакаме да отвориме и дописништво во Софија, се надевам дека и БНТ ќе отвори дописништво во Скопје, во Македонија, така што на еден заеднички начин да успееме да ги доближиме телевизиите што е можно поблиску, изјави директорот на МРТ, Марјан Цветковски.

Директорот на Бугарската национална телевизија Емил Кошлуков изрази надеж дека двете телевизии поактивно ќе работат со цел двата народа подобро да се запознаат.

– Ова е договор со Македонската јавна телевизија, со кој се надеваме дека ќе започнеме да работиме поактивно, да размениме содржини меѓу нашите две телевизии. И додека политичарите се занимаваат со политика, историчарите со историјата, ние правиме телевизија. Можеме да прикажеме убави извештаи за Македонија, за Охрид, има толку убави места, и тие можат да гледаат репортажи за бугарски места. Може да има македонска музика и фолклор, можеме да им ги дадеме нашите за да можат двата народа да се запознаат и слушнат. Мислам дека ова е патот, нагласи директорот на БНТ, Кошлуков.

Со потпишувањето на меморандумот со БНТ, Македонската телевизија ја продолжува соработката со јавните сервиси од регионот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе