Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција извести за прогласувањето на нови забрани за движење и одговара на новинарски прашања.
Филипче потврди дека пратеникот и потпретседател во СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и малолетната ќерка се хоспитализирани со COVID-19.
Тој додаде дека сите контакти од тој т.н. кластер се тестираат и дел од резултатите се готови.
Закири и семејството се во добра здравствена состојба, стабилна форма на болеста, само со висока температура.