КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Мундијалот и без Салах, Ибра, Махрез, Колумбија и Нигерија

По синоќешните доигрувања Мундијалот во Катар ќе биде посиромашен за уште неколку фудбалски ѕвезди и докажани репрезентации.

Желбата на Златан да одигра Мундијал пред пензионирањето сепак нема да се оствари. Ибрахимовиќ синоќа беше на клупата за Шведска и влезе во игра на 10 минути пред крајот кога Полска веќе имаше убедливо водство од 2:0. Ибра не можеше да ѝ помогне на својата Шведска која загуби во финалниот бараж и нема да патува во Катар.

Роберт Левандовски од белата точка во 50. минута и Пјотр Желињски во 72. стрелаа за Полјците кои беа и поодморени со оглед на тоа што во финалето се пласираа откако ФИФА ја исфрли Русија, па во четвртокот играа пријателска со Шкотска.

Remote video URL

На Мундијалот нема да го гледаме ниту египетскиот виртуоз Мохамед Салах кој синоќа дури по изведувањето на пенали испадна од актуелниот африкански шампион Сенегал. Сенегалците со голот на Булаје Диа уште во 7. минута ја надокнадија негативата од Каиро, но резултатот остана непроменет не само по 90, туку и по 120 минути игра. Следуваше пенал-рулет во кој „Фараоните“ дури трипати промашија, а прв беше токму Салах, па Сенегал славеше со 3:1.

Remote video URL

Ноќеска завршница се одигра и во Јужна Америка каде единствено непознато остана која репрезентрација ќе биде петта и ќе игра интерконтинентален бараж. Во игра беа Перу, Колумбија и Чиле, а Перуанците ја остварија потребната победа над Парагвај (2:0) и ги оставија Колумбијците да се радуваат на пирова победа на гости кај Венецуела (0:1), додека Чиле загуби дома со 0:2 од Уругвај. Џанлука Лападула во 5-тата и Јошимар Јотун во 42. минута беа творци на победата на Перу кој сега за место во Катар во јуни ќе се бори со победникот од Азија, односно Австралија или ОАЕ.

Remote video URL

Не успеа до пласман да дојде ниту Ријад Махрез и неговиот Алжир кој дома потфрли против Камерун откако претходно славеше на гости со 1:0. На преполниот стадион во Блида Камерунците поведоа преку капитенот Ерик Максим Шупо-Мотинг, па натпреварот замина во продолженија. Алжир израмни во 118. минута преку Ахмед Туба, а потоа во 4. минута од надополнувањето следуваше студен туш кога Карл Токо Екамби ја затресе домашната мрежа.

Remote video URL

Синоќа потфрли и африканскиот колос Нигерија, најредовниот африкански учесник на Мундијалите. Иако важеа за фаворити против Гана, Нигеријците примија гол рано во 10. минута преку Томас Парти, а иако израмнија во 22. минута преку Вилијам Трост-Еконг потоа не постигнаа победнички гол и испаднаа поради правилото за гол на гости (беше 0:0 во Гана).

Синоќа пласман во Катар изборија уште и Мароко и Тунис.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе