Фудбал

Мурињо предвидува што ќе прави Роналдо на 50 години

12. септември 2019 - 8:45 | Ф.З.

Кристијано Роналдо не покажува знаци дека годините го газат, а Жозе Мурињо гледајќи го тоа му ја предвиде иднината.

„Тоа што го прави Кристијано не ме изненадува. На 34 години тој е врвен фудбалер кој игра во одличен клуб и имаа високи амбиции. Воопшто не сум изненаден бидејќи тој е генетско чудо, ментално исто така“, изјави славниот стратег за португалскиот канал 11.

„Тој е феномен, човек што мисли само на тоа како да победува и да го прави тоа одново и одново и секогаш подобро. Поради тоа не ме изненадува“.

„Кога ќе има 50 години ќе седи дома и ФИФА ќе го покани да игра на натпревар за легенди. Ќе игра и ќе даде гол. Сигурен сум дека ќе биде така“, заврши Мурињо.

ФИФА често организира натпревари помеѓу пензионирани фудбалери, најчесто за хуманитарни цели. Несомнено еден ден и на Роналдо, сакал или не, ќе му дојде времето кога ќе може да игра само таму.

Коментирај