СЕРИЈА А 2021/22

Мурињо кон новинар: Пред мене се се*еш од страв

Португалскиот стратег повторно е во центарот на вниманието откако на еден радио новинар му кажа искрено што мисли за него.

Жозе Мурињо имаше нова контроверзна средба со новинари откако за време на саботната прес-конференција сочно го нападна еден од присутните новинари.

Поранешниот предводник на Порто, Интер, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем зборуваше за неделното гостување на неговата Рома кај Сампдорија кога влезе во конфликт со еден од присутните новинари.

Прашањето не беше воопшто контровезно, напротив, многу нормално. Новинарот праша дали играњето со двајца играчи зад напаѓачот Теми Ејбрахам може да стане стандард до крајот на сезоната, исто како и одбраната со тројца играчи.

„Откако те слушнав синоќа на радио очекував многу пожестоко прашање од тебе, многу покритичко, многу позлобно. Не очекував толку лесно прашање“, почна Мурињо одговарајќи му на новинарот кој очигледно претходно на својата радио емисија ја критикувал играта на Португалецот.

„Според тоа, заклучокот кој можам да го направам е дека на радио си екстра агресивен и злобен, ама кога доаѓаш тука пред мене малку така се се*еш од страв“, рече Мурињо без влакна на јазикот додека новинарот седеше на пресот пред него.

(контроверзниот дел почнува на 3:06)

Remote video URL

Инаку, Рома потоа славеше со 1:0 кај Сампдорија и со поразот на Јуве до Дерби д'Италија сега е на 5 бода од последното место кое води во Лигата на шампионите.

Рома е во добра форма со 6 победи и 4 нерешени на последните 10 натпревари вклучувајќи и победа во градското дерби со Лацио.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе