ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Мурињо: Немав клупа за да реагирам

Тренерот на Тотенхем се вади на тенката клупа за синоќешното реми со Манчестер Јунајтед.

По синоќешниот натпревар помеѓу неговиот Тотенхем и гостите од Манчестер, Жозе Мурињо неуспехот да победи го побара во клупата, која навистина е тенка.

„За нешто сум задоолен, на друго не. Ми се допадна однесувањето на тимот, организацијата, контролата, тоа што бевме на ниво и дека на Јунајтед му г прикажваме тоа што не им се допаѓа“, почна Португалецот за Sky Sports.

„Но, несреќен сум поради фактот што немав клупа за да реагирам на работите кои ги приметив на терен. Кога тие станаа подоминантни, ние се уморивме напред и не можевме да играме пресинг“.

Тотенхем имаше водство од 1:0 сѐ до 81. минута кога Мначестер Јунајтед израмни од белата точка.

„Играчите одработија одлична работа во дефанзивата. Тие имаа само два опасни удари кои Иго Љорис ги одбрани, ништо повеќе. Сѐ останато беше под контрола. За 70 минути, додека имавме енергија, бевме силни со топката и знаевме што сакаме. Морам да признаат дека за последните 15 минути многу ми фалеа Лукас Моура и Деле Али. Тие 15 минути беа тешки за нас“, тврди Мурињо.

„Лукас и Деле се играчи кои ни се потребни и тоа го почувствувавме сега. Кога ќе ја погледнете нивната клупа и потоа нашата ќе ја видите разликата во опциите во офанзивата. Се надевам ќе се вратат на време за Вест Хем бидејќи во овој момент е многу, многу важно да се менуваат играчите“, заврши тој.

Тотенхем во вторник вечер ги пречекува „Чеканите“ во натпревар од 31. коло.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе