ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Мурињо се жали од новинарите: Ме прашувате само мене, а не Лампард, Клоп и Пеп

Специјалниот избувна на прес откако по којзнае кој пат доби прашање зошто почнал со еден играч, а друг оставил на клупа. Обвини за нефер третман бидејќи такви прашања никогаш не им се поставуваат на останатите тренери.

На синоќешниот натпревар против Њукасл на гости Стивен Бергвајн почна од клупата, а влезе во игра при 1:1. Одлично му асистираше на Хари Кејн за 1:2, па на прес-конференцијата Мурињо беше запрашан зошто Холанѓанецот ретко е стартер.

„Видете, тоа е прашање кое обично ми го поставувате мене, но не и на Френк Лампард, Јирген Клоп, Пеп или на другите тренери од големите клубови кои имаат големи играчи. Кога Лампард го игра (Кристијан) Пулишич, не го прашувате зошто не го игра (Калум) Хадсон-Одои или слично. Кога Пеп Гуардиола ќе игра со некој друг, а Бернарду Силва е на клупа, никогаш не го прашувате за Бернарду Силва. Се чини дека јас сум единствениот кој мора да има 15 играчи во стартниот состав, или пак јас сум тој што нема право да има добри играчи на клупа“, се жали Мурињо.

„Ако денеска почнев со Бергвајн, сега ќе ме прашувавте што треба Лукас Моура да направи за да биде старетер или што треба Сон да направи. Ништо не треба да направат. Треба да бидат тимски играчи, а тимските играчи се играчи кои играат од почеток, седат на клупа, влегуваат во игра половина час пред крај, влегуваат за да одиграат и само минутка“.

„Колку пати Нуну (Ешпириту Санту) го има оставено (Адама) Траоре на клупата за да победи натпревар во последните 30 минути? Не го прашувате Нуну зошто Траоре е на клупа и зошто го игра (Диогу) Жота или (Даниел) Поденсе или (Леандер) Дендонкер. Само мене“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе