Mусака со компири, месо и модар патлиџан

Мусака со компири, месо и модар патлиџан се прелива со кисела павлака и се посипува со кашкавал што се топи при печењето.

Мусаката во грчки стил се прави со мешано мелено месо, компири и модар патлиџан. Не се прави бешамел сос, туку се користи павлака, па процесот на подготовка е многу пократок.

Потребни состојки:
  • 4 компири со средна големина
  • 3 лажици масло
  • 1 црвен кромид
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • 500 гр доматно пире
  • 2 модри патлиџани
  • 300 мл кисела павлака
  • 140 гр рендан кашкавал
Подготовка:

Варете ги компирите 20 минути. Исцедете ги и оставете ги да се изладат. Ставете ја тавата на оган и додадете 2 лажици масло и сечканиот кромид. Динстанјте додека не омекне, а потоа додадете мелено месо. Пржете го меленото месо 5 минути. Додадете исечкан лук и мешавина од суви зачини, а потоасипете го доматното пире и измешајте. Оставете да зоврие, па зачинете по вкус, тргнете го од оган и оставете го на страна.

Загрејте ја рерната на 220°C. Загрејте тава на силен оган и премачкајте ги модрите патлиџани исечени на парчиња со малку масло. Гответе на грил тава по 2-3 минути од секоја страна.

Кога доволно ќе се изладат, варените компири исечкајте ги на дебели кришки. Во основата на длабока тава ставете 1 лажица масло и започнете со слој компири, модар патлиџан, посипување зачини, па слој мешано мелено месо. Повторете додека не се потроши целата смеса, завршувајќи со слој од модар патлиџан. Одозгора намачкајте ја павлаката и посипете со кашкавал. Ставете во рерна 10 минути, или додека кашкавалот не порумени.

реклама

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Рецепти

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Соган долма: Традиционален турски рецепт за полнет кромид

Read more

Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ

Read more
 

Магазин

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Читај повеќе

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Читај повеќе

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Читај повеќе

Пет навики што ќе ве зближат со партнерот

Читај повеќе

Како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Читај повеќе

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Читај повеќе