Полицијата ја продолжува борбата со непримерните и несовесни граѓани кои не носат заштитна маска на места каде може да се шири коронавирусот.
ОД МВР известија дека во текот на изминатото деноноќие, односно 8 и 9 септември, на територијата на државава се регистрирани 485 прекршоци.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19“, апелира МВР.