МВР разреши седум полициски началници во Штип и Кочани

Министерството за внатрешни работи денеска донесе одлука за разрешување на седум началници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип и од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани. Со оваа одлука на министерот Панче Тошковски, разрешени се началникот на СВР Штип и неговиот помошник, потоа началникот на Одделението за полиција во Штип и началникот на Одделението за криминалистичка полиција во Штип.

Покрај началниците и неговиот помошник во ОВР Кочани, разрешени се командирот на Полициската станица од општа надлежност во Кочани и началникот на надворешна канцеларија за криминалистички работи во Кочани, објави SDK.MK.

Разрешувањата се случуваат два дена по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март, во која загинаа 59 лица главно од 14 до 25 години. Над 150 се повредени, од кои 76 се испратени на лекување во странство.

Претходно, Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица.

реклама

Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Read more

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година

Read more

Бислимоски: Доколку ЕУ ни воведе јаглеродна такса, тргување со струја ќе има само меѓу земјите што не се во ЕУ

Read more

Ќе нема струја во делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе