МЗ: Филипче не прикривал 20 случаи на заболени од COVID-19

Министерството за здравство излезе со демант на „дезинформациите изнесени на прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“, во врска со бројот на заболени од COVID-19 во земјава.

Министерството ги демантира дезинформациите поврзани со наводно прикривање на 20-тина случаи на заболени од COVID-19 од страна на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче. Во врска со изнесените невистини, Mинистерството за здравство го истакнува следново:

„Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, на ден 02.06.2020 година е регистриран 1 позитивен случај на коронавирус во градот Штип.

Во прилог испраќаме линк за точно информирање на јавноста од дневната статистика за 02.06.2020 година што ја води Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/sostojba-so-covid19-za-162020/.

Исто така, не е точна ни информацијата дека директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Ален Ѓеорѓиев изјавил дека се регистирирани 14 нови случаи.

Бројката на хоспитализирани пациенти во болницата на 02.06 е 14, а тоа е точно наведено во дневното соопштение на Министерството за здравство испратено до медиумите и објавено на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-76-novi-sluch…/

Министерот Филипче, од првиот дијагностициран случај на COVID-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. Поради тоа, не се точни обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на статистиката со новозаразени.“

Понатаму во демантот стои:

„Имено, на 02.06.2020 година, министерот Филипче на прес-конференција потенцираше дека сѐ до почеток на прес-конференцијата сѐ уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија. Подолу транскрипт од неговата изјава на прес конференцијата на споменатиот датум:

Во однос на дневната статистика, сѐ до почеток на прес-конференцијата сѐ уште не беа стигнати бројките од една приватна лабораторија. Во однос на тоа, дозволете да кажам дека би било добро сите да ги чекаме официјалните бројки и да нема шпекулации.

По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18:41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата.

Во врска со Велес, вчера, Министерството за здравство во соопштението за дневна статистика испратено до медиумите информираше дека по завршување на епидемиолошките анкети, 2 лица од претходниот ден регистрирани во Скопје се од Велес. Во прилог линк до соопштението: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-120-novi-sluc…/

Потенцираме дека во ниту еден случај министерот Филипче и Министерството за здравство не се обиделе да прикријат податоци и уште еднаш потсетуваме дека од првиот регистриран случај па досега, министерот Филипче и Министерството за здравство ја информираат точно и навремено јавноста до секој детаљ.“

Министерството за здравство понатаму апелира да престанат да се изнесуваат неточни информации во време на вонредна состојба со коронавирус за собирање на дневнополитички поени.

Оттаму исто така нагласуваат дека стојат на располагање и отворени се за какво било појаснување или одговор во секое време, „пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на јавноста“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе