МЗТ до КФМ: Парите назад или кривична

Скопскиот клуб си ги бара назад парите дадени за учество во сезоната која КФМ ја поништи, а се закани дека доколку не му бидат вратени, ќе следува кривична пријава.

Претседателот на КФМ, Перо Антиќ, му го предава трофејот од минатата сезона на капитенот на МЗТ, Дамјан Стојановски; Фото: КК МЗТ Скопје

МЗТ ја обвинува Федерацијата за тоа што ја прекина сезоната поради пандемијата со коронавирусот и тоа без да прогласи шампион. Лидер во моментот на прекин беше токму МЗТ, но само два бода пред второпласираниот Работнички.

„Правните застапници на нашиот клуб сметаат дека со одлуката за поништување на сезоната се оштетени нашата, но и сите други прволигашки екипи, на кои им е нанесена голема метеријална штета. МЗТ Скопје Аеродром до средината на март на сметка на КФМ уплати 1,06 милиони денари (нешто повеќе од 17.000 евра), кои бараме да ни бидат вратени од страна на Перо Антиќ и од неговите соработници и тоа во рок од три дена“, велат од клубот.

Доколку пати во наредните три дена не легнат на клупската сметка, МЗТ се закани дека ќе поднесе кривична пријава за измама. Сметаат дека бидејчи првенството не продолжи, нема зошто парите за котизација да не им бидат вратени на клубовите.

„Ако челниците на македонската кошарка во овој рок не ги уплатат на сметката на клубот парите кои ние им ги дадовме за да ја организираат Првата лига, а потоа и да ја завршат според личниот и според интересот на нивните коалициски партнери, тогаш ќе бидеме принудени да изготвиме и да поднесеме пријава за сторени кривични дела. Од Основното Јавно обвинителство ќе побараме да поведе постапка за кривичен прогон против овластеното лице на КФМ, односно против претседателот Перо Антиќ и тоа за кривично дело 'Измама', како и за кривично дело 'Злоупотреба на службена должност'“, известувата од МЗТ.

КФМ претходно го побара мислењето на сите клубови учесници во прекинатото првенство и откако поголемиот дел гласаат за опцијата прекин без прогласување на шампион, КФМ го прифати. Оваа одлука не ја прифаќа клубот од Аеродром.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе