МЗТ се жали: Ова е нехумано, 6 натпревари за 8 дена и нормално – куп повреди

Кошаркарскиот клуб од скопската населба Аеродром се жали на гусниот распоред поради кој голем број на кошаркари се здобија со повреди.

Фото: КК МЗТ Скопје

„Настапот во Купот на Македонија на секојдневно ниво и потоа играње три меча од четвртфиналето во пет дена без позначаен одмор, односно вкупно шест натпревари во осум дена дефинитивно може да се протолкува како нехуман третман по здравјето на кошаркарите и пеколен ритам каков што нема ниту во НБА“, вели клубот во соопштение објавено на официјалната клупска веб-страница.

„Ова не е проблем само на нашиот клуб, туку и на останатите елитни тимови кои ќе ја продолжат битката за титулата, а чии играчи исто така се подложни на пеколен период, кој сигурно може да им ја загрози дури и нивната кариера. Данокот на наметнатиот нехуман ритам полека почнува да се плаќа, па на нашиот последен меч против Куманово дури тројца кошаркари (по)сериозно се повредија. На Бојан Крстевски му настрада коленото, на Дамјан Стојановски мускулот на ногата, а на Иван Карачиќ задната ложа. Повредите на тројцата не се идентични, ама имаат заеднички содржател – преголемиот замор, оценет од лекарските стручњаци кои ги прегледуваа, а на кои не им се веруваше низ какви напори биле приморани да минат во изминативе денови“, се додава во соопштението.

Проблемот со повредите во редовите на МЗТ може да се одрази и врз репрезентацијата бидејќи овој прволигаш дава доста репрезентативци,.

„Бараме КФМ барем малку да ги заштити играчите, првенствено од човечки принципи, но и од интерес за македонската кошарка, бидејќи речиси сите останати домашни играчи се актуелни или потенцијални репрезентативци. Секоја нивна, евентуална односно не дај боже повреда, ќе биде проблематична за настапот на Македонија во претквалификациите за СП 2023, кои се играат веќе во август. Војдан Стојановски сигурно ќе го немаме, а зарем треба да останеме без уште некој носител, само поради желбата да се заврши некој ден порано, а што носи опасно доигрување на плеј-офот преку средби во секој втор ден“.

Од клубот бараат КФМ да направи измени на календарот за доигрување на плеј-офот и да го врати претходниот систем на играње два натпревара неделно, односно среда-сабота. „Со тоа би се намалил нехуманиот ритам за играчите, што секако ќе го намали ризикот од повреди, а дефинитивно ќе го крене квалитетот на натпреварите“.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе