На 28 години стана мисица: Што знаеме за Р'Бони Габриел?

На овогодишното натпреварување Мис Универзум, кое годинава се одржа во Њу Орлеанс, победи Американката Р'Бони Габриел од Тексас. Која е всушност оваа 28-годишна убавица која стана најстара мисица?

Р'Бони Габриел е родена во Сан Антонио, во сојузната држава Тексас, на 20 март 1994 година. Има три помлади браќа и е најстара од четририте деца на таткото Ремихио Бонзон Габриел, кој е Филипинец, и мајката Дејна Вокер, Американка. Татко ѝ се преселил во САД на 25 години за да докторира психологија на Универзитетот во Јужна Каролина. Оттаму и полемиката за нејзиното презиме: Американците ја велат Гејбриел, но вистинското презиме на татко ѝ е едноставно Габриел.

Била одбојкарка која подоцна се префрлила во модната индустрија откако кога имала 15 години го открила шиењето и се заљубила во создавањето работи од ткаенина и текстил. После средно училиште, Габриел дипломирала моден дизајн на Универзитетот Северен Тексас во 2018 година.

Потоа била во Њујорк на стажирање кај модната дизајнерка Никол Милер. Р'Бони последните три години ги минала работејќи за непрофитното дизајнерско студио Magpies & Peacocks, кое собира отпадни материјали и ги пренаменува во потполно нови колекции. Создала и своја дизајнерска марка со името R'Bonney Nola.

Се натпреварувала на изборот Мис Кема во 2020 година и се пласирала во најдобрите 5. Како Мис Харис Каунти учествувала на изборот за мис на Тексас во 2021.

Титулата мис на Тексас ја освоила во 2022 година, а потоа го претставувала родниот Тексас на Мис САД, како била крунисана за мисица на САД, и тоа прва со филипинско потекло.

Како Мис Универзум стана деветта Американка која победила на ова натпреварување.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе