На 62 изгледа 20 години помлада: Кога ќе ме видат со синот мислат дека ми е сопруг

Манекенката Лесли Карлтон има 62 години, но многумина кога ќе ја видат не можат да поверуваат дека е во седмата деценија од животот.

Не изненадува фактот дека дамите кои биле дел од јавниот живот во младоста продолжуваат да водат многу грижа за здравјето и визичкиот изглед и во подоцнежните години. Карлтон открива која е нејзината тајна за младешкиот изглед.

„Имам 62 години, а кога ќе ме видат со синот мислат дека ми е сопруг или помлад брат“, изјави таа.

Карлтон живее на релација Бали-Лос Анџелес, а најголемиот дел од животот го помина на Бали и во Индонезија. Со текот на годините, се појавуваше на бројни насловни страници на списанија. Сними голем број реклами, а се занимава со манекенство уште од рана возраст. И денес, на 62 години таа е модел за костими за капење.

За порталот mvpnews, таа наведува дека сега е во подобра форма отколку кога имала 40 години.

„И покрај тоа што имам 62 години, сè уште ми се пуштаат млади мажи, никој не верува дека имам повеќе од 40 години“, вели убавицата која е во брак со холивудскиот актер Матијас Хју (62).

Таа исто така наведува дека кога била млада не се занимавала со спорт, но дека внимавала што јаде.

„Отсекогаш сум ги слушала советите на баба ми која беше танчерка и јадеше мали оброци на секои два до три часа. Секогаш сум внимавала јаглехидратите и протеините да бидат во еден оброк со големина на дланка, додека зеленчукот треба да земе двојно повеќе простор во чинијата. Во триесеттите години започнав да се занимавам со спорт, со скијање и карате. Само пред 10 години започнав да кревам тегови и тоа ми помогна денес да изгледам вака“, рече моделот.

Таа додава дека кожата не ѝ е како во дваесеттите години, но дека линијата ѝ е многу подобра отколку во тој период од нејзиниот живот.

„Се мерам секој ден. Кога ќе видам колку тежам секој ден, полесно е да се утврди дали се прејадувам. Јадам на секои два до три часа и еднаш неделно имам ден кога јадам сè што сакам. Спијам осум часа секоја вечер, вежбам секој ден. Секој ден одвојувам време да бидам сама во природа. И на крајот, секогаш позитивно пристапувам кон работите“, рече манекенката и додаде дека јаде и хамбургери и пие вино, но само во недела.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе