На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Фестивалот на отворено за љубителите на метал музиката наредниот викенд со дводневна програма ќе се одржи во Градот на конзулите.

Овогодишниот Metal Discharge ќе биде, како што вели организаторот, „досега најголемиот метал фестивал во историјата на Битола“. Во дводневната програма публиката на отвореното ракометно игралиште ќе ги забавуваат дури 14 бендови од домашната сцена, но и од соседна Србија.

„Ќе настапуваат моментално најзаслужните бендови од македонската сцена, од хардкор ветерани до најновите локални млади деца што се осмелиле да творат свој материјал, како и најактуелните бендови од српското подземје“, вели организаторот.

Новитет оваа година е што гостите од другите градови ќе имаат можност да кампуваат. Просторот околу спортската сала „Боро Чурлевски“ е обезбеден за камп за фестивалот. Регистрација за место за камп може да се направи најкасно до четврток (6 Јуни) до 12:00 часот и тоа на линкот.

Дводневните карти се во продажба по цена од 900 денари, а можат да се набават на следниве локации:

  • Битола: „Pub Bourbon Street“ и „Везилка“
  • Скопје: „Custom Pub“
  • Прилеп: „Integra Sistems Security“ (Бизнис центар, I кат)
  • Куманово: „QRecords Macedonia“ (077 901 631)
  • Охрид: „Irish Pub Five“

Во рамките на фестивалот, на 8 јуни скопскиот бенд „TrendKill“ ќе го промовира нивниот трет студиски албум насловен „Половен Crossover“.

Metal Discharge прв пат се одржа во 2011 година, но по уште едно издание следуваше 10-годишна пауза, за да биде реактивиран во 2022.

Саатницата за двете вечери е веќе позната:

реклама

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Read more

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата со парите во јули

Read more

МК сцена

На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Read more

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

Read more

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв трејлер за серијата Women in Blue – приказната за првите жени во мексиканската полиција

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Читај повеќе

Бредли Купер исмеван поради новиот имиџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу вели дека му е малку непријатно поради снимањето на новиот Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Romulus, седмиот филм од Alien

Читај повеќе
  • filter

Анистон снимена во јавност по посетата на пластичен хирург: Промените се очигледни

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Читај повеќе