На инфективните одделенија се лекуваат 443 лица, во последното деноноќие примени 23 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Од Министерството за здравство информираат дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ОРЛ, тројца на Клиниката за нефрологија и двајца на Клиниката за очни болести.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.

 Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои седум деца и 21 возрасен.

Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Од Министерството за здравство наведуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе