На кој јазик зборуваат судиите во ЛШ?

Официјалните лица на средбите од највисоко ниво често се наоѓаат пред предизвикот да им ги објаснуваат своите одлуки на играчи од целиот свет. Па на кој јазик комуницираат?

Лигата на шампиони и Лига Европа, двете клупски натпреварувања на УЕФА се најразновидните на светот кога станува збор за фудбалери од различни нации и етникуми. На пример, последното финале од Лигата на шампионите имаше играчи од 11 различни земји и тоа од 4 континенти (Европа, Африка, Северна и Јужна Америка). Таа разновидност подразбира и проблем во комуникацијата.

„За еден судија да може да суди натпревар од Лигата на шампиони или Лига Европа мора да може да зборува англиски. Генерално, судиите на играчите ќе им се обраќаат на англиски како најраспространет заеднички јазик во Европа“, стои во објаснувањето на УЕФА.

Но, ако судиите се обврзани да го познаваат англискиот јазик, тоа не важи и за фудбалерите.

Според Ethnologue, англискиот јазик е најраспространет јазик во светот со над 1,25 милијарди луѓе кои го говорат како прв или втор јазик. Babbel, пак, вели дека половина од Европејците на возраст помеѓу 15 и 35 години зборуваат добар англиски.

Интернационално гледано, ФИФА има 4 официјални јазици: англсики, шпански, француски и германски. Сепак, судиите се обврзани да зборуваат само англиски, и тоа добро. Бидејќи најчесто судиите се учени луѓе, многумина од нив всушност зборуваат повеќе јазици, па на повеќето комуникацијата и не им е проблем.

Повеќето од играчите, независност од етничката припадност, дури и да не го говорат англискиот јазик имаат некои најосновни познавања за фудбалските термини како goal, foul и offside. А честите трансфери во различни земји придонесува и играчите да говорат и повеќе јазици.

Важно е да се напомене дека судиите употребуваат и сигнализирање со рацете, картони и знаменца кои се универзални и сите играчи нив треба да знаат да ги толкуваат.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе