На локалните избори ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани, ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

Вкупниот број гласачи што ќе имаат право да гласаат на Локалните избори на 17 октомври 2021 година е 1.824.864.  Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на 27. седница едногласно ја усвоија одлуката за заклучување на Избирачкиот список, согласно член 52 од Изборниот законик и промените/ажурирање што произлегоа од јавниот увид во податоците на списокот.

Како што соопшти потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147 гласачи. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на надлежниот орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 82.461 гласач, на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.899 гласачи, лица кои се во установи за вонсемејно сместување се запишани 351 гласач и во посебниот извод на Избирачкиот список кои согласно евиденцијата на МТСП се водат како внатрешно раселени лица се запишани 6 гласачи.

Потпретседателката Шеху и членот на ДИК Кренар Лога имаа издвоено мислење т.е. несогласување за Избирачкиот список што се однесува до општините Чучер-Сандево и Бутел и изјавија дека нема да ги потпишат изводите за овие две општини.

За утврдување на изгледот и содржината на гласачкото ливче што беше точка од дневниот ред, членовите на ДИК ќе одлучуваат на затворен дел од седницата затоа што, како што појасни членот Борис Кондарко, така се практикува во сите претходни избори.

– ДИК го определува изгледот и содржината на гласачкото ливче, притоа ДИК ги пропишува и соодветните заштити на ливчето, кои се видливи и невидливи, и поради заштита на интергритетот, тајноста и регуларноста на целокупниот изборен процес, овој дел од седницата е затворен за јавноста, рече Кондарко.

На вечерашната седница беше усвоена и одлука Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми да се дополни со уште три радија (Комета Гоствар, ТРД Радио Битола и Радио 105 Битола) и ТВ Нова од Гевгелија кои во законскиот рок доставиле коригиран ценовник.

Исто така, беше усвоено барањето на Амбасадата на Албанија да им се издадат овластувања за 5 предложени набљудувачи да го следат одржувањето на локалните избори.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе