На Миконос и Милос позитивни над 50% од тестираните за COVID-19

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос и Милос во изминатата седмица надмина 50%, а во цела Грција е над 12%, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, за стапката на позитивност во периодот од 20 до 26 јуни 2022 година, на Миконос 53,53% од направените тестови биле позитивни, на Милос 52,45%, а на Санторини 39,51%.

Според стапката на позитивност, следат островите Итаки, Парос, Карпатос, Крф, Кос и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со над 20%.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 12,7%, од вкупно 715.666 лабораториски тестови (ПЦР и рапид).

Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.661.004 случаи на COVID-19, се проценува дека има 168.440 реинфекции што е 4,4% од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.218 лица.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе