Netflix подготвува документарна серија за еден од најпознатите сериски убијци во историјата на САД - Дејвид Берковиц кој медиумите го нарекуваа Son of Sam.
Режисерот Џошуа Земан смета дека Берковиц не работел сам, а новинарот Маури Тери со години наназад се обидел да го докаже тоа, па затоа тој ќе биде клучна фигура во новата серија.
Документарната серија The Sons of Sam: A Descent Into Darkness пристигнува на 5 мај.
„Најпрвин мислев дека станува збор само за озборувања, но два детектива ми открија дека има многу работи за случајот Берковиц кои не ги знае јавноста“, вели режисерот Земан.
Погледнете го трејлерот.