На Реал му требаше брилијантниот Хрват, но тој беше невидлив

Реал Мадрид загуби со 1:2 од Атлетик Билбао во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија и со тоа остана без финале со Барселона.

Атлетик имаше предност од два гола пред полувремето, а Реал успеа да намали само со голот на Бензема до крајот. Тој го постигна откако Модриќ ја напушти играта во 67. минута. Потоа беше заменет со Феде Валверде.

Хрватскиот ас на Реал Мадрид, кој добиваше заслужени пофалби во последните месеци, одигра еден од најлошите натпревари за Реал оваа сезона, според најчитаниот шпански весник Marca.

Во извештајот од натпреварот, Marca го оцени Модриќ со минималната една ѕвезда, а во текстот во кој новинарите и посетителите на порталот на Marca заеднички го оценуваат учинокот на играчите, стои:

„На Реал му требаше брилијантниот Хрват, во неговото најдобро издание. Сепак, Модриќ беше далеку од тоа. Играше срамежливо, тивко и невидливо. Колку му значи Модриќ на Реал и колку страдаше тимот поради неговата слаба игра, најдобро се виде по половина час игра. Тогаш Модриќ на кратко живна и веднаш се разбуди цел Реал. Сепак, Модриќ брзо се врати во сивилото што го означи неговиот настап, па во 67. минута беше испратен да се истушира“.

Графика:  Sofascore за IndexSport

Marca пишува дека Модриќ не се снајде во улогата што му ја додели Зидан:

„Тренерот на Реал се обиде со двоецот Бензема - Азар во напад, додека зад нив беа Асенсио лево и Модриќ од десната страна. Сепак, високиот притисок на Атлетик, раната предност и непрецизнооста на Реал во додавањата брзо го принудија да ја смени тактиката. Веќе во 18-та минута се врати на 4-3-3 со Азар лево и Асенсио десно во нападот, но и тоа не успеа“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе