На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос?

А.С.
/ 29.05.2023 / 09:47

Ако цел живот неуморно работевте за да станете еден од најбогатите луѓе на светот, може да ви биде простено што сакате да забавите, да јадете добра храна и да накачите неколку килограми.

Но, тоа не беше случај со Џеф Безос, кој од слаб шеф на книжарница се трансформираше во фит милијардер. Јавноста беше воодушевена од неговата телесна трансформација, која навидум се случи преку ноќ во 2017 година, кога се појави во тесен елек и ги покажа мускулестите раце.

Но, вистината е дека Безос не се грижел многу да води здрав живот додека не влегол во средна возраст. Се верува дека откако Amazon ја купи компанијата за здрава храна Whole Foods, тоа ја поттикна промената во 2017 година.

Осум часа сон се неопходни за успех

Постојат клинички докази дека спиењето е од суштинско значење за когнитивното функционирање, расположението и менталното, кардиоваскуларното, цереброваскуларното и метаболичкото здравје. Џеф Безос разбира дека добрата хигиена на спиење е исто толку важна како и вежбањето.

„Ми требаат осум часа сон. Размислувам подобро, имам повеќе енергија и сум порасположен“, рече тој на конференцијата во Економскиот клуб во 2018 година.

Религиозно вежба со познат тренер

Безос работи со тренерот Вес Окерсон, кој е заслужен за подготовката на Том Круз за неговиот трилер Valkyrie од 2008 година. Окерсон е страстен поборник за вежби со мало оптоварување и висок отпор, како што е веслањето. Исто така ги охрабрува своите клиенти да вежбаат надвор. Омилени тренинзи му се трчање по угорнини и удолници, кајак и сурфање.

Процентот на здрава телесна маст кај мажите на возраст од 40 до 59 години е помеѓу 11 и 21 процент. Одењето под тој праг може да доведе до „испиен“ изглед. Оние кои внимателно ја следат трансформацијата на Безос веруваат дека тој сега е меѓу 12 и 14 проценти телесна маст.

Исхрана богата со протеини

Безос јаде многу протеини, кои ги комбинира со храна богата со здрави масти, како што е авокадото. Окерсон е застапник на кето диетата, па не би било чудно доколку славниот милијардер го следи тој пристап.

Безос еднаш откри дека омилен појадок му е медитерански октопод со компири, сланина и јогурт со лук, а сака да се почести и со хамбургер од McDonald’s.

Гласини за стероиди

Се шушка дека Безос го довел телото во форма со инјекции со тестостерон. Со оглед на неговата 59-годишна возраст, многумина се сомневаат дека тој можел да постигне таков изглед без помош на некои лекови.

Дерматологот Роберта Дел Кампо рече: „Нема шанси тоа е само диета и вежбање“, а д-р Камерон Сепах додаде: „Верувајте ми, Безос фармаколошки го зголемува тестостеронот - погледнете му ги рацете!„

Безос ги демантираше тие гласини. Анонимен извор близок до милијардерот изјави за TMZ во 2021 година дека тие се „100 проценти лажни“.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Фит

Две грешки во исхраната додаваат сантиметри на стомакот

Read more

Кое е најдобро време за вежбање ако целта ви е слабеење?

Read more

Најдоброто месо за билдање мускули

Read more

6 митови и факти за стомачните мускули

Read more
 

Магазин

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Читај повеќе

Две причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Читај повеќе
  • play_arrow

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Времето за неа стои: Клаудија Шифер се врати на модната писта

Читај повеќе

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Читај повеќе

4 совети како детето полесно да се одвикне од цуцла

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои често остануваат во лоши и токсични врски

Читај повеќе

12 причини за лош здив - можe да укажуваат на сериозен здравствен проблем

Читај повеќе

Карактерни особини на мажите кои имаат богат сексуален живот

Читај повеќе