На што треба да внимавате кога возите на дожд?

Може да дојде до скапа штета.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од денеска до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). 

Дождливото време резултира со големи количини на вода на коловозите. Тоа е главно површинскиот слој, но понекогаш ќе наидете на подлабока водена бариера.

Возењето брзо низ длабоки бари не е многу паметен потег, од две причини - првата е безбедноста, поради можната појава на аквапланинг, кога тркалата на автомобилот ќе изгубат контакт со асфалтот, па ќе се чувствувате како да сте на мраз во возилото.

Друга причина е - ваквото возење може да биде опасно за „здравјето“ на вашето возило на четири тркала.

Избегнувајте вода подлабока од 10 сантиметри затоа што повеќето од денешните автомобили имаат ниско поставени доводи за воздух, кои во овој случај можат да навлечат вода во моторот, а тоа може да доведе до катастрофални последици - навлегување вода во цилиндрите, пукање на клиповите...

Затоа избегнувајте подлабока вода - автомобилот не е брод или подморница - и возете повнимателно на дожд отколку на суво. Зголемете го растојанието помеѓу возилата пред вас од две на четири секунди, бидејќи растојанието за сопирање на автомобилот на дожд е исто така многу подолго.

Внимавајте на гумите, доколку се истрошени, а длабочината на шарата е помала од 1,6 мм, ќе го почувствувате тоа бидејќи ракувањето ќе биде полошо, а растојанието за сопирање ќе биде подолго.

Инвестирајте во нови гуми, како и во бришачи. Старите бришачи нема добро да го исчистат ветробранското стакло, а тоа ќе ја намали видливоста додека возите.

реклама

Авто новости

Македонија во Топ 5 - за најлоши патишта

Read more

Кинеските производители ќе увезуваат повеќе хибридни автомобили во ЕУ за да избегнат царини

Read more

Како звучи Alfa Romeo 33 Stradale при забрзување до 333 км/час?

Read more

Возачи, што не смеете да правите во услови на магла?

Read more
 

Автомобили

Македонија во Топ 5 - за најлоши патишта

Читај повеќе

Кинеските производители ќе увезуваат повеќе хибридни автомобили во ЕУ за да избегнат царини

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како звучи Alfa Romeo 33 Stradale при забрзување до 333 км/час?

Читај повеќе

Возачи, што не смеете да правите во услови на магла?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нов Mercedes: Папамобилот отсега ќе вози „на струја“

Читај повеќе

Скриени „цицачи“ на горивото во вашиот автомобил

Читај повеќе

Шоферски кошмар: Што е „црн мраз“?

Читај повеќе
  • filter

Новата Ford Puma вози „на струја“

Читај повеќе

Дали возачите на поголеми автомобили треба да плаќаат поскап паркинг?

Читај повеќе