На својата приватна плажа: Единствените фотографии од Тито во купачи

Јосип Броз Тито имал своја приватна плажа која лично ја уредил на островот Ванга, каде се опуштал надвор од претседателските активности. Сега се појавија фотографии од тој период, прикажувајќи го во сосема поинакво светло, опуштено и во шорцеви за капење.

Во 1952 година, додека пловел околу Островите Бриони, Јосип Броз видел див остров наречен Ванга. Му се допаднал уште на прв поглед и решил да го изгради по негов вкус и лично почнал да го чисти напуштениот остров каде што потоа престојувал поголемиот дел од времето.

Покрај плажата и луксузната вила на Ванга, Тито имал и куќа за слуги, лекари, фотолабораторија која била подарок о американскиот претседател Џон Кенеди и мала браварска работилница каде ги усовршувал своите одамна стекнати вештини.

Сакал да поминува време во летните месеци на овој остров, уживајќи во сонцето и морето.

На Ванга немало плажа, но подоцна била направена од бели камчиња. Има и голема тераса каде што го прелистувал дневниот печат под сенка и го пиел својот омилен пијалак, а се наоѓа веднаш до пристаништето каде што се закотвуваат бродовите.

Плажата, која била изградена за Тито во раните 60-ти, сега е само познато место за капење што го користат сите хрватски претседатели.

Тоа е што користат претседателите од Титовата оаза, доаѓаат, се бањаат и се враќаат во Белата вила на Бриони.

Островот Ванга денес го носи и името Красница, а многумина веќе го нарекуваат и Титов Остров. На пример на Google Maps се наоѓа како Красница. Дел е од Архипелагот Бриони.

Вилата на Ванга е еден вид музеј

Вилата на Ванга е мал музеј со дизајн од 60-тите и 70-тите години на минатиот век и се состои од неколку простории, македонски салон кој бил работна соба на Јосип Броз, а украсен е со дрвен мебел со богати резби од мајстори од Охрид, како и кожен мебел. Дневната соба била во стилот на Џејмс Бонд со бел пластичен мебел, бар и машина за еспресо што многу дизајнери и денес ги копираат. Мали скалила водат горе до одаите на Јованка, каде порано имало слики од Марија Броз, мајката на Тито, како и слики од Пикасо, со кој Тито бил пријател и кој му ги насликал во замена за гајба квалитетно далматинско вино.

реклама

Живот

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Read more

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Read more

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Read more
 

Магазин

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Читај повеќе

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Читај повеќе

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Читај повеќе

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Читај повеќе

Една состојка може да ја спаси вашата градина од суша

Читај повеќе

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Читај повеќе

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како може да ви украдат пари од банкомат?

Читај повеќе