Учениците од Ла Турбај селото во јужниот дел на Колумбија секојдневно си ги ризикуваат своите животи за да стигнат до училишните клупи.
Од нивното село до училиштето мораат да ја поминат реката Бодокеро која нема мост, па на многу необичен начин стигнуваат до другиот брег користејќи леген, сајла и јаже. Еден вид импровизирана жичара.
До пред две години имало мост, но поплавите го урнале.