Нацистички униформи и оружје украдени од музеи во Холандија

Во изминатите две недели разбојници украдоа ретки нацистички шлемови, оружје и униформи во вредност од над 1,5 милиони евра од два холандски музеја посветени на Втората светска војна.

Тие украдоа оружје и униформи од музејот Бек, а пред две недели и од музејот во Осендрехт на југот на Холандија, изјави Јанеке Кенис, портпаролка на музејот Оверлон.

„Не веруваме дека украдените предмети ќе бидат понудени отворено за продажба преку Интернет, бидејќи целото оружје е нумерирано и тие се уникатни парчиња што веднаш ќе бидат препознаени“, рече таа.

Открила дека крадците биле одлично подготвени и се чини дека ги украле експонатите за приватни колекционери на нацистичка меморабилија.

„Тие веројатно ги посетувале музеите и ги забележувале местата со експонати кои им биле интересни. Работеле по список и сè направиле многу професионално“, објасни Кенис.

Од воениот музеј во Бек предметите биле однесени во неколку возила откако разбојниците ја пробиле капијата, а потоа и влезната врата во зградата.

Музејот во Бек во својата поставка ја имаше приказната за германскиот падобранец Август Сегел, раскажана преку 150 костимирани ликови.

Од музејот во Осендрехт крадците исчистиле сè - униформи на СС, шлемови, капи, падобрани, огнено оружје, двоглед и многу други предмети вредни стотици илјади евра на црниот пазар.

По грабежот, музејот Оверлон ги врати останатите изложени предмети што беа земени на позајмица на сопствениците, бидејќи смета дека се премногу скапоцени за да останат изложени на јавноста.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе