Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но сè уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.
Од новодијагностицираните случаи со COVID-19, најголем број се од Скопје.
Ова највисок број на заразени во еден ден во земјава. Досега најмногу заболени 107 беа евидентирани на 16 април.