Над 85 проценти од починатите од COVID-19 биле со коморбидитети

Огромен процент од пациентите со COVID-19 се со коморбидитети, односно со тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, додадавајќи дека дури над 85 проценти од починатите се пациенти кои имаат коморбидитети.

Министерот посочи и дека сериозен процент на пациентите доаѓаат доцна во болницата со веќе многу тешка манифестација на болеста.

– Се заврши анализата, дел од податоците беа соопштени и од Инфективната клиника, огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време. Понатаму, еден сериозен процент на пациенти кои навистина доцна доаѓаат во болница со веќе многу тешка манифестација на болеста и тоа е тренд што нѐ прати од почетокот, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека уште од почетокот имало одредена бројка на пациенти кои доцна доаѓаат во болница, но сега генерално бројката е зголемена, а како што дополни, тешко е да се каже која е причината за ова.

Филипче додаде дека има пациенти кои починале од друга сериозна хронична болест, но сепак биле дополнително заболени и од COVID-19.

– Ние останавме доследни на тоа што го правиме од почетокот, а тоа е објавување на сите пациенти кои и покрај тоа што имале сериозна хронична болест, и покрај тоа што и таа можеби била директна причина за смртта, сепак биле дополнително заболени и од COVID-19, и е битно за да имаме реална епидемиолошка состојба и слика во земјава. Ние ги регистрираме и објавуваме сите случаи на заболени од претходните 24 часа. Можеби еден или двајца случаи можат од еден да преминат во друг ден ако резултатот од тестот не е стигнат или некој сличен технички проблем во однос на документацијата, меѓутоа бројката е таа, посочи Филипче.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе