Федерер се збогува со тенисот

Надал плачеше за Федерер, на крајот и Ѓоковиќ се расплака

Сцените од лондонската О2 Арена од последниот меч на Роџер Федерер го обиколија светот и долго ќе се паметат. Швајцарецот заплака и не можеше да ги сокрие емоциите, но солзите на неговите ривали Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ беа особено трогателни.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го одигра последниот меч во кариерата, на Лејвер куп во Лондон. Кариерата ја заврши со играње во пар со долгогодишниот и голем ривал и пријател Рафаел Надал.

Федерер и Надал одиграа меч против Џек Сок и Френсис Тиафо во кој беа поразени со 2 : 1 во сетови (4 : 6, 7 : 6, 11 : 9), но резултатот беше во втор план поради настаните што следеа по него.

Збогувањето беше многу емотивно, а 41-годишниот тенисер со солзи истакна дека е среќен по ова „патување“ проткаено со големи успеси.

URL

Надал потоа седна покрај Федерер на клупата и заплака, а емотивната атмосфера го достигна врвот кога и Ѓоковиќ „се скрши“. Го прегрна Роџер, па му оддаде и признание.

Швајцарецот освои 20 Грен слем титули и 6 години беше најдобар во светот. Пред него се Рафаел Надал со 22 Грен слем титули и Новак Ѓоковиќ со 21.

Вкупно освои 103 АТП турнири, што е повеќе од Надал и Ѓоковиќ.

URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе