Рафаел Надал нема да игра на третиот грен слем во сезоната, Вимблдон, откри селекторот на шпанскиот олимписки тим, Давид Ферер.
Надал ќе го пропушти неофицијалното светско првенство во тенис за да се подготви за Олимписките игри во Париз.
Славниот Шпанец последен пат на Вилблдон настапи во 2022 година, кога беше елиминиран во четвртфиналето.
Надал, поради повредата малку играше во псоледните 18 месеци. Пред две недели настапи на Ролан Гарос, каде беше елиминиран во првото коло од Александер Зверев.
Надал на Олимписките игри ќе настапи во сингл и во двојки со Карлос Алкарас.
Тој веќе има две олимписки злата, едно во сингл во Пекинг во 2008 година и едно во двојки со Марк Лопес од Рио пред осум години.
Олимписките игри почнуваат на 26 јули.