Надал страда од мистериозна болест, тврдат шпански медиуми

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во 2021 година не успеа да покаже најдоброто од себе на теренот во Австралија, затоа што страдаше од повреда на грбот.

Сепак, шпанските медиуми ги пренесуваат изјавите на тамошните лекари, кои сметаат дека Надал страда од болеста Милер-Вајс што ги напаѓа коските на стапалата, а со тек на време се шири и на другите делови од телото, особено на колената. Надал често имаше проблеми со колената.

Наводно, Надал дознал за оваа болест уште во 2005 година, кога ги имал првите полесни повреди, но тогаш му било кажано дека поголемите симптоми се појавуваат на подоцнежна возраст.

„Тешко е да се заклучи дека се работи за оваа болест кога уште е во рана фаза. Лекарите можат да потврдат само откако болеста ќе почне да напредува. Болката се појавува во средината и задниот дел на стапалото, овие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку глуждот до коленото. Ако пациентот често оди или трча, ситуацијата се влошува“, го цитираат лекарот шпанските медиуми.

Поради тоа, Надал можно е да страда многу, токму во финишот на кариерата, кога движењето ќе му станува сѐ потешко.

Како пример, се посочува дека оваа мистериозна болест се јавува кај физички работници или куќни помошници, откако ќе достигнат одредена возраст.

Постои можност за ублажување на овие проблеми со специјални анатомски патики, специјално дизајнирани, по кои Шпанецот сигурно ќе посегне.

Вистина е дека болеста Милер-Вајс е недоволно истражена, но се нагласува дека на тенисерот „речиси сигурно ќе му биде тешко да се движи и да се ‘лизга’ по теренот како во најдобрите денови“.

За потсетување, Надал неодамна го откажа учеството на турнирите во Ротердам и Акапулко.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе