Наскоро ќе пристигне и новиот Ghost модел на Rolls-Royce.
Торстен Милер Отвос, шеф на Rolls-Royce, изјави дека новиот модел Ghost ќе биде најчистиот израз на нивната компанија. Ghost ќе биде лансиран на дигитален настан, а дополнителен увид дотогаш ќе се има во четири анимации.
„Ghost е најчистиот израз на Rolls-Royce досега. Тоа ги насочува моделите на нашиот бренд во преубав, минималистички, но многу сложен производ кој совршено се поклопува со потребите на нашите клиенти и верувам совршено со вклопува со времето во кое живееме“, вели Отвос.