Најавена и автомобилска трка на Месечината

Компанијата која наголемо најавува патувања во вселената, SpaceX планира да организира и трка со автомобили на нашиот природен сателит.

Имено, компанијата има намера да испрати неколку нестандардни автомобили на Месечината, главно дизајнирани од легендарниот дизајнер Френк Стефансон, познат по работата во BMW, Ferrari, Maserati и McLaren. Овие возила нема да ги управуваат астронаути на површината на Месечината, туку тоа ќе биде, просто – автомобилска трка на далечинско управување. Според најавата на Intuitive Machines, планот е таа да стане првата приватна компанија што со свои автомобилчиња ќе слета на Месечината со помош на ракетите на SpaceX – Falcon 9.

Моделите ќе бидат приближно три килограми тешки, а трката на Месечината ќе се одвива со далечинско управување. Автомобилчињата ќе бидат делумно дизајнирани и управувани од тимови американски средношколци кои се пријавија на натпреварот и успешно решија голем број првични, подготвителни прашања и задачи.

При дизајнирање на автомобилчето, тие ќе мора да ги земат предвид посебните услови што владеат на Месечината – од филтрирање на прашина, гравитацијата, тежина, разни материи, издржливоста и стабилноста на самите возила, до дизајнирањето систем што ќе им помогне на возилата да се вратат на тркалата доколку се превртат наопаку, зашто на Месечината нема да има луѓе да помогнат во тоа…

Натпреварувачите ќе ги контролираат своите автомобили од далечина, на тежок терен, и сè ќе се снима.

Трката треба да се одржи околу песочните дини во областа Оушианус Процеларум, и првично, е во согласност со правилата на мотоспортовите. Патеката ќе ја осмисли познатиот дизајнер на патеки во Формула 1, Херман Тилке. Точниот датум на трката сè уште не е познат.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Чек дис аут

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more

Дали би се запишале на Академија за овчари?

Read more

Северус е жив! Работи како стјуард во нормалниот свет

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе