Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Сакате да имате што повеќе растенија во вашиот дом, но како и да ги одржувате, на крајот тие „умираат“. Во продолжение ви пренесуваме неколку грешки кои повеќето луѓе ги прават кога се грижат за домашните растенија.

Многу луѓе сакаат растенија во затворен простор, но влегуваат неподготвени во обврската да се грижат за нив? Меган Кавано, експерт за нега на домашни растенија, ги откри четирите најчести грешки што луѓето ги прават во одгледувањето собни растенија.

Не им го овозможувате на растенијата соодветното количество на сончева светлина

„Сончевата светлина (или недостатокот од неа) беше дефинитивно причината зошто имав историја на убивање растенија. Се обидов да ги ставам во просторијата каде што мислев дека изгледаат најдобро како декор, но тоа не беше секогаш најздравото место за растење“, сподели Кавано.

Таа додава дека дури и кога се обидела да обрне внимание на потребите од светлина на нејзиното растение, не била сигурна дали природната светлина во нејзиниот дом е директна сончева светлина или индиректна сончева светлина.

Премногу или премалку ги наводнувате вашите растенија

Да им ставите вода или не? Тоа е големо прашање кога станува збор за грижата за растенијата, и едно со кое Меган мака мачеше.

„Знаев дека на сукулентите не им треба многу вода, но откако прочитав неколку написи, сфатив дека еднаш неделно е веројатно премногу. Сега се обидувам да наводнувам еднаш на неколку недели, или - пореално - кога само ќе помислам поминало некое време“, рече таа.

Па, како да знаете дали премногу ги наводнувате растенијата? Научете да ја „читате“ земјата, односно супстратот во кој е засадено растението.

Не знаете дали растението е за внатре или за надвор

Обидот да се избере собно растение е тешка работа. Се разбира, се грижите за тоа како изгледа, но исто така треба да знаете дали е воопшто собно растение или не. Истражувањата открија дека многу луѓе не можат да направат разлика помеѓу внатрешните и надворешните растенија. Ако сте еден од нив, не плашете се – затоа што не само што има растенија кои можат да растат и внатре и на отворено, туку и многу домашни растенија може да се преселат надвор во летните месеци или обратно.

Не ги кастрите вашите растенија

Кастрењето на растенијата може да звучи страшно, но тоа е само термин за отсекување на мртвите лисја или пупки за да се поттикне нов раст. И не ви требаат ни фенси ножици за кастрење – доволни ви се стерилизирани кујнски ножици.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Живот

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Read more

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Read more

Кога родителите треба да престанат да се бањаат со децата?

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе